WhatsApp добива можност за користење на повеќе телефони со една сметка, а корисниците ќе можат да активираат до четири дополнителни телефони на ист начин како што сега активираат десктоп или таблет компјутери.

Ова ја отвора можноста за корисниците кои имаат повеќе од еден телефон да го користат WhatsApp и на другите уреди во исто време. Првиот телефон останува главниот преку кој се активираат сите дополнителни уреди.

Доколку главниот телефон не се користи одреден период, другите уреди автоматски се одјавуваат, а ова секако е направено поради заштита.

Користењето на различните телефони, исто како што од минатата година е случајот со десктоп и лаптоп уредите, е независно, што значи главниот телефон не мора да е поврзан или вклучен во секој момент за да може да се разговара.

Заштитата на сите видови на разговори ја има и на другите телефони, односно корисниците можат да бидат сигурни дека нивните разговори не се достапни за никого, па дури ни за WhatsApp, односно Meta.

Оваа нова функција е веќе пуштена, но сите корисници може да ја очекуваат во неделите што следат.

Активирањето на дополнителен телефон се прави исто како и за другите уреди, односно при вклучувањето на апликацијата на новиот телефон ќе ја има можноста за најавување со постојана сметка. На главниот телефон се отвора Linked Devices делот во Settings, па на можноста Link a Device. Со ова се прикажува QR код кој се скенира со уредот, односно во овој случај другиот телефон.

Од WhatsApp најавуваат дека наскоро дополнителен телефон ќе може да се поврзе и преку внесување на телефонскиот број на веб верзијата од апликацијата и добивање на код, наместо скенирање на QR код.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2WhatsApp
Претходна статијаКомпанијата Zelim развива беспилотни возила кои би спасувале луѓе во вода кога е опасно да се испрати екипа
Следна статијаЗапочнува втората сезона на регионалниот eSport гејминг турнир
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.