Фото: Shutterstock.com

WhatsApp апликацијата, која сепак кај нас е под Viber по популарност, доби една мала, но за доста корисници корисна новина. Корисниците на WhatsApp сега ќе можат да започнат разговор со самите себе, па на тој начин да си испраќат одредени пораки со цел истите да им се достапни на други уреди.

Ова е нешто што корисниците обично го практикуваат кога сакаат да си испратат некој линк за да го отворат на друг уред или кога сакаат да си остават некоја белешка за во иднина. Иако доста корисници ова го прават преку други сервиси, не е мала бројката на корисници кои не сакаат да „комплицираат“ и едноставно сакаат да си испратат порака на себе.

Покрај оваа новина, WhatsApp сега може да се користи преку „proxy“ сервери, односно преку сервери кои го пренасочуваат интернет сообраќајот преку други сервери, а не директно од корисникот до серверот на сервисот. Ова е посебно корисно за земјите каде сервисите како WhatsApp се блокирани, па корисниците ќе можат „од околу“ да го користат сервисот.

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаiPad Pro ќе добие редизајн идната година
Следна статијаGoogle ќе отпушти 12.000 од своите вработени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.