Фото: Shutterstock.com

WhatsApp апликацијата на Android ќе добие мал редизајн кој ќе ја направи апликацијата помодерна и ќе ја донесе во рамките на правилата од Material дизајнот.

Промените можеби не се драстични, но сепак се доста потребни и апликацијата сега може да се каже дека изгледа како што треба и не потсетува на апликација која е веќе застарена.

Главната промена може да се види во горната лента која веќе нема да биде со зелена позадина. Истата ќе биде бела, а зелената боја која е карактеристична за апликацијата ќе биде искористена кај логото и кај дел од останатите елементи од корисничкиот интерфејс.

Додатно, на горниот дел од листата на разговори ќе бидат додадени неколку филтри, па корисници лесно ќе можат да ги подредат разговорите според тоа дали се прочитани, дали се лични или од бизниси и слично.

Долниот дел останува во главно ист, но горната лента ја прави целата разлика, дефинитивно.

Како и секогаш, овие промени ги забележаа од WABetaInfo од каде истакнуваат дека истите се достапни во бета верзијата од WhatsApp за Android, иако не на сите.

Слични промени не може да се очекуваат за iOS верзијата од апликацијата затоа што истата веќе е направена во помодерен стил во рамките на таа платформа.

Верзијата која сепак доби редизајн е таа за macOS, а истата беше пуштена после повеќе месеци од редизајнот на Windows.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаВештачката интелигенција од Microsoft може да заврши и кај ранците
Следна статијаЗдружението Гоу Грин Скопје по трет пат собира младински барања за зелени општини
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.