Посебното заклучување на апликациите, освен кога корисникот не практикува да го заклучува телефонот, обично е вишок и непотребно додавање на уште еден чекор при отворање на истите. Сепак, има корисници кои сакаат да се чувствуваат побезбедни, посебно за одредени апликации, во случај на губење на телефонот или и во случај кога ќе го дадат телефонот на некого да го разгледа и слично.

Поради тоа доста апликации нудат можност за нивно заклучување и отклучување со внесување на ПИН, а по ново поради масовноста, преку сензорот за отпечатоци.

Обично ваква можност има кај апликациите кои содржат одредени важни информации, како што се банкарските апликации, OneDrive, Dropbox и слични. За овие апликации може да се каже и дека е логично да понудат дополнителен чекор за нивно отворање.

Со оглед на тоа дека WhatsApp е апликација за разговори која ја става во преден план безбедноста на разговорите, можноста за заклучување на истата како додатна заштита е стандардна функција.

Затоа, WhatsApp, после месеци од најавата, а и достапноста на iOS, конечно воведе поддршка за сензорите за отпечатоци, па сега корисниците кои сакаат дополнителна заштита на оваа апликација, тоа ќе можат да го направат да биде многу поедноставно.

Вклучувањето на оваа функција се прави преку Settings > Account > Privacy > Fingerprint lock, а може да се избере и после колку време да се заклучи апликацијата, како и тоа дали во известувањата да се прикажува содржината на пораката.

ИЗВОРWhatsApp
ИЗВОР 2VB
Претходна статијаПаметни градови: Поглед во иднината на модерното живеење
Следна статијаСкопје покажа дека е град за велосипеди – Околу 2.000 пријавени на Скопје на точак
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.