Во рамките на CES 2025, една од најпознатите апликации за пуштање на видео содржина, VLC, имаше сопствен штанд на кого беше присутен директорот на компанијата.
Најавата која беше дел од настанот беше дека апликацијата ќе добие интеграција на генеративната вештачка интелигенција, а со тоа корисниците ќе можат да очекуваат автоматски генерирани титлови и преводи.
За оваа функција ќе се користат јазични модели со отворен код, а целото процесирање ќе се случува локално на уредот на корисникот, нешто што е доста важно за приватноста.
VLC ќе може да направи и превод на достапни титлови во повеќе од 100 јазици уште од почеток.
Од компанијата исто така објавија дека нивната апликација е симната повеќе од 6 милијарди пати досега, што воопшто не е чудно со оглед на големата популарност на VLC изминатите децении.