Viber, кои од последните неколку надградби повеќе го промовираат името Rakuten Viber, претставија месечна претплата со која корисниците добиваат ексклузивни функции.

Viber Plus е името на претплатата која изнесува 1,99 долари месечно и може да се вклучи преку самата апликација.

Досега достапните бесплатни функции остануваат, односно Viber нема да биде различен за тие кои не сакаат да плаќаат месечно, а тоа ќе бидат повеќето корисници претпоставувам.

За почеток се достапни неколку ексклузивни функции за корисниците на Viber Plus, а некои од главните ги вклучуваат следните.

Според мене, две функции посебно се издвојуваат, а првата е тргањето на рекламите од апликацијата. Корисниците ќе можат да го користат Viber без да гледаат никакви реклами кои стануваат се почести.

Втората е наречена Invisible Mode, функција која им овозможува на корисниците кои и сега избираат да не ги споделуваат нивниот статус и дали ги прочитале пораките, но сега истото ќе можат да го видат за останатите корисници.

Viber Plus на корисниците им овозможува и пристап до сите платени „стикери“ во апликацијата, а корисниците ќе можат да добијат и текст од гласовните пораки кои ги имаат добиено.

Претплатата овозможува и пристап до поддршка од компанијата, додавање на посебни беџови на сликата од корисникот, како и можност за измена на изгледот на иконата на главниот екран.

Од Viber истакнуваат дека Viber Plus е достапен во неколку земји, но кај мене претплатата веќе е достапна, па можно е тоа да оди постепено.

ИЗВОРViber
Претходна статијаGoogle планира нова мерка против додатоците за блокирање на реклами на YouTube
Следна статијаMeta ќе ја тргне можноста за комуникација помеѓу Facebook и Instagram во наредните неколку недели
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.