Shutterstock.com

Ако отвориш Плеј Стор или Апп Стор, под категоријата продуктивност или организираност ќе најдеш илјадници апликации што веројатно ќе завршат работа. Но, само дел од нив се екстремно добро составени и се лесни за користење.

Некои апликации се прелесни за употреба и имаат корисен интерфејс, други пак имаат премногу опции од кои можеш да бираш и се наменети за поголеми проекти. Некои добро ги комбинираат овие два аспекти. Во продолжение моите омилени апликации за различни цели.

За дневни „туду“ листи

Todoist

Прелесна апликација за употреба. Не треба многу да објаснувам што се прави со Тодоист – создаваш туду листи и штиклираш кога ќе завршиш со некоја задача. Апликацијата изгледа добро, брза е, има опции за тагови, потсетници и дури поддржува и гласовни наредби.

Алтернатива: Wunderlist

За белешки

Evernote

Evernote е како Микро СД картичка за твојот ум. Се што сакаш да запомниш или да складираш за употреба подоцна можеш да го внесеш во оваа апликација. Одлична е за некои поедноставни цели, како на пример листа на книги што сакаш да ги прочиташ, а и за посложени проекти, бидејќи дозволува креирање на посебни фолдери, скенирање на слики во посебна белешка, тагирање и многу други опции. Интерфејсот е исто така солиден, иако не ми е омилен. Една од најкорисните апликации што постојат во моментов.

Алтернатива: Google Keep – ако само сакаш да правиш белешки и не ти треба ништо друго

За работа

Tomato Timer

Оваа апликација се базира на Помодоро техниката, која изгледа вака: го местиш тајмерот на 25 минути, се фрлаш на работа, и кога ќе истече 25-тата минута паузираш од 3-5 минути и го повторуваш процесот. Кога ќе го поминеш четвртиот 25 минутен интервал на работа паузираш подолго, 10-15 минути и почнуваш одново.

Доброто со оваа техника е што навистина си пофокусиран кога ќе заѕвони тајмерот и имаш чувство дека тие 25 минути постојат само за да го правиш она што си го замислил во тој момент.

Претходна статијаОфицијално претставен OnePlus 7T – третиот телефон од компанијата за оваа година
Следна статијаЕлон Маск го презентира и објасни развојот на Starship – вселенското летало кое ќе ги однесе луѓето на Марс