TomTom, познатата компанија по нивниот систем за навигација, најавија дека работат на асистент за автомобилите направен на генеративна вештачка интелигенција.
Кратко кажано, генеративната вештачка интелигенција ја доби својата популарност со претставувањето на ChatGPT, па во основа од компанијата сакаат да ја донесат оваа алатка во автомобилите.
Истото го прават во соработка со Microsoft, компанија која најмногу инвестира во вештачката интелигенција изминатите година дена и ја интегрираат во сите нивни производи.
Асистентот на TomTom ќе има можност да ги разбере корисниците што бараат од него, а тие ќе можат да разговараат како и со друг човек. Потоа асистентот ќе ги изврши нивните барања, а предноста од сегашните асистенти е генеративната вештачка интелигенција која е многу поспособна во ваквите задачи.
Очекувано, асистентот ќе може да се користи за навигација, но исто така и за контрола на автомобилот, односно вклучување на климатизацијата, отворање и затворање на прозорите и слично.
Покрај тоа што овој нов асистент би бил дел од TomTom Digital Cockpit, истиот ќе биде достапен да може да се имплементира и од другите производители кои користат сопствен софтвер за автомобилите.