Фото: Tinder преку The Verge

Во ова „корона време“ веќе не се чудиме кога ќе прочитаме дека некоја апликација добива можност за видео повици. Повеќе популарни не биле видео повиците никогаш, па дури ни кога почнаа да стануваат дел од апликациите порано за првпат.

Tinder започна со тестирање на можност за видео повици и на нивната апликација со што тие кои се имаат избрано едни со други, сега ќе може и да се видат и слушнат, кога веќе желбата за излегување во живо е намалена.

Видео разговорите функционираат на начин како што би се очекувало. За да може да се почне разговор, корисниците веќе треба да се лакјнале, односно да имаат „match“, со што им се отвора можноста за текстуални разговори. Со притискање на новото копче во горниот десен агол, може да се започне видео разговорот.

Од Tinder сепак имаат воведено одредени заштити, со оглед на тоа дека се работи за апликација каде комуницираат непознати луѓе. По притискање на копчето, двете страни ќе треба да се согласат да започнат разговор, а исто така апликацијата ги потсетува дека не се дозволени работи поврзани со сексуални акти, разголување, навреди и слично.

Тестот на видео разговорите на Tinder моментално е ограничен на одреден број на земји, а и во тие земји само кај ограничен број на корисници. Доколку се помине како што треба, оваа нова функција ќе стане официјален дел од апликацијата.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаOnePlus Nord ќе биде претставен на 21-ви јули преку настан со проширена реалност
Следна статијаРегионално истражување: Брзина, едноставност и практичност е најголемата предност на бесконтактното плаќање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.