Една од најпознатите имејл апликации, а посебно кај open source заедницата, е секако одличната Thunderbird. Одлични беа вестите дека се планира нејзин редизајн, па апликацијата ќе добие модерен изглед, а додадени ќе бидат и нови функции, односно не се работи само за „шминка“.

Новиот дизајн се очекува да биде официјално пуштен од јули оваа година, а што може да се очекува од него, можете да прочитате тука.

Од организацијата која стои зад развојот на Thunderbird претставија ново лого кое е многу посоодветно за новиот дизајн. Ова лого не е драстична промена на моменталното, па може да се каже дека е само едно модернизирање на ова легендарно лого.

Птицата која досега беше поставена од горната страна врз плико, сега е свртена обратно, а целосно е променет и стилот на изработка, па логото изгледа доста помодерно.

За изработката на новото лого бил ангажиран Џон Хикс, креаторот на оригиналното лого, а соработувано е со Thunderbird Council, Mozilla Foundation и повеќе други страни.

Како ќе изгледа новото лого на достапните оперативни системи, можете да погледнете на овој линк.

ИЗВОРOMG!Ubuntu
ИЗВОР 2Thunderbird
Претходна статијаШто ќе гледате месецов на SkyShowtime?
Следна статијаYouTube ги укинува Stories објавите кои и така не станаа популарни на овој сервис
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.