The Browser Company, е компанијата која стои зад развојот за еден од најуникатните интернет прелистувачи на пазарот, Arc Browser. Овој прелистувач е наменет за корисниците кои се понапредни, отвораат многу „табови“ во исто време, па соодветно и функциите и прилагодувањата на Arc не се баш за класичниот корисник. 

Од компанијата изгледа сфатија дека бројот на корисници кои можат да го имаат со ваков производ е доста ограничен, основачот на компанијата објаснува како доста од неговите блиски не го користат. 

Тие што го користат, а се доста, не сакаат промени и поедноставување на еден прелистувач кој им се има погодено во нивниот стил на функционирање, па може да се каже дека на компанијата и останува една алтернатива. 

Тоа е развојот на нов прелистувач кој ќе има целосно друга целна група на корисници. Токму тоа беше најавено во најновото видео од основачот Џош Милер, кој сепак два пати нагласи дека тоа не значи крај на развојот на Arc. 

Новиот прелистувач се’ уште нема име, нема ни конкретни информации кои можат да се споделат. Се што можеше да најави Милер е дека тој сака новиот производ да овозможи едноставно искуство за корисниците и повеќето нивни активности да ги направи автоматизирани. 

Од тоа може да се заклучи дека генеративната вештачка интелигенција ќе биде голем дел од новиот прелистувач, а како сето ова го најави Милер можете да погледнете на најновото видео

Претходна статијаСо промоција на европски конзервирани праски во Македонија, претставен квалитетот на агро-прехрамбените производи со европско потекло
Следна статијаПрвиот паметен екран од Apple ќе потсетува на стариот iMac G4
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.