Додека чекаме да во нашата земја почне да функционира Uber или некој сличен сервис, достапните такси компании се единствениот избор. Ние лично немаме ништо против нашите такси компании, а најголемата предност на Uber ја гледаме во можноста да се нарача превоз без телефонски повик и со точната локација на возилото додека стигне.

Сепак, додека единствениот начин за нарачка на такси е јавувањето, не е лошо овој процес да биде полесен.

Тука доаѓа на помош новата апликација „Taxi – Такси“ која е достапна за корисниците на Android и iOS. Истата е дата база на сите достапни такси компании на ниво на целата држава, а за полесно пребарување, листата се прикажува врз основа на локацијата на корисникот.

Вакви апликации на македонски јазик имаме видено досега, но мора да се истакне дека „Taxi – Такси“ е досега најдобро дизајнираната и практична апликација која функционира одлично.

По кратката и интересна анимација на почетокот, апликацијата се вклучува на листата со такси компании, по што кога ќе ја изберете таа што сакате да ја повикате, притискате на копчето за повик.

Едноставно, се разбира, а и една ваква апликација се очекува оваа функција да ја овозможува наједноставно што може.

Веруваме дека со тек на време „Taxi – Такси“ ќе добие по уште некоја дополнителна функција, а корисниците можат слободно да го остават својот коментар и да предложат што би им било корисно.

Симнете ја „Taxi – Такси“ за Android преку овој линк, а за iOS тука.

Претходна статијаMicrosoft официјално одбиени од TikTok, а како можен купувач останува Oracle
Следна статијаПретставен LG WING со екран кој се врти 90 степени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.