Во септември оваа година Microsoft објави дека се откажува од развојот на одличната алтернативна тастатура SwiftKey за iOS. Ова не дојде како некое големо изненадување со оглед на тоа што апликацијата на оваа платформа не беше ажурирана година дена.

Некои посебни причини за одлуката не беа дадени, а се веруваше дека тоа во главно беше поради ограничувањата кои ги има Apple во споредба со Android.

При крајот на минатиот месец од компанијата, којзнае зошто, се премислија и ја вратија веќе тргнатата SwiftKey во App Store. Во најавата од страна одговорниот во Microsoft за апликацијата стоеше дека може да се очекуваат новини.

Оваа недела SwiftKey ја доби и својата прва надградба, но за жал дел од истата не беше најважната за нас новина, поддршка за македонски јазик. Оваа верзија беше мала и во главно е пуштена како исправка на проблемот кој не дозволуваше најавување на апликацијата со Microsoft сметка.

Тоа значи дека новините кои се најавуваат може да се очекуваат подоцна, а се надеваме дека со нив ќе дојде и поддршката за нашиот јазик.

Инаку, SwiftKey има поддршка за македонски јазик веќе одамна на својата Android верзија и е една од подобрите во способноста да се научи стилот на пишување на корисникот и давање на исправки и предлози.

На iOS поддршката беше достапна во бета верзијата од апликацијата, но никогаш не дојде во стабилната верзија, а подоцна ни стана јасно и зошто не.

Се надеваме дека Microsoft ќе поработи посериозно на SwiftKey за iOS, зошто оваа апликација е навистина подобра од останатите, но тоа не е случајот на оваа платформа.

Претходна статијаTSMC отвора фабрика за чипови во Аризона, САД
Следна статијаBitwarden воведе најава на сметката преку веб без користење на лозинка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.