super-app-f

Ова е уште една апликација креација на компанијата Jelly, чии што еден од сопствениците е Biz Stone, коосновачот на Twitter кој што реши да се отиде и да продолжи во сопствена компанија. Тој моментално е и главниот директор на Jelly, компанија која што ја претстави својата прва апликација наменета за поставување на прашања преку слики на почетокот од годината.

Super е нивната нова апликација на која што главниот акцент е ставен на забавна. Може да се каже дека таа е еден вид на комбинација помеѓу Twitter и Instagram. Работи на основа на ставање на одредени предефинирани изјави врз одредена слика која што самите ја избирате.

Предефинираните изјави се во стилот на Најлошото, најлудото, најдоброто, сакам, би сакал, сум и слично. Тоа значи дека преку оваа апликација објавувате слика, ја избирате изјавата, по што истата ја довршувате со вашата реченица. Па така, можете да сликате од одредено место по што за него ќе напишете дека е вашето омилено место каде што сакате да бидете после работа.

super-android-screens

Како што е случајот со другите слични апликации и социјални мрежи, имате листа на пријатели, односно на луѓе кои што ги следите и листа со тие кои што вас ве следат. Сликите со изјавите кои што ги објавувате корисниците можат да ги лајкуваат, а истото може да се направи исто како на Instagram, односно со двоен клик на сликата.

Се прашувам како оваа апликации ќе биде прифатена од корисниците, сепак на пазарот веќе има огромен број на апликации од сличен вид. Посебно ова важи за нашата земја, каде што не се сите од популарните апликации на запад, популарни и масовно користени кај нас.

Super е достапна за корисниците на Android и iOS и можете да ја симнете од соодветните продавниците за апликации или преку следните линкови.

Super за Android

Super за iOS

Извор: Engadget, Biz Stone

Претходна статијаВо тест нов метод за „осветлување“ на клетките заболени од рак
Следна статијаFacebook Groups: Посебна апликација за корисниците на групи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.