Не постои дете родено во периодот од почетокот на ’80тите, па се до денес, кое во извесен период од животот не било „навлечено“ на некој вид на видео игра. Пионир во станувањето игра зависна за голем број генерации, секако е легендарниот сериал Super Mario.

Популарноста на оваа игра или делови од неа можат лесно да се забележат и денес, па така, компанијата која ги има правата за користење на брендот, сосема очекувано се обиде да капитализира на својот успех и во ерата на паметните телефони.

Откако во декември стана достапна за корисниците на iOS, Nintendo, ги израдува и корисниците на Android, најавувајќи дека Super Mario Run ќе се најде на „полиците“ на Play Store. Доказ за нинтендо-носталгијата која се’ уште владее се 10-те милиони индивидуални корисници кои ја симнале играта веќе во првиот ден кога стана достапна за iOS, меѓутоа, со сигурност предизвика разочарување кај оние кои очекуваа да заработат. Имено, само 5% од корисниците кои ја превземале играта, ги платиле дополнителните 10 долари потребни за да се отклучи целата игра.

Што се однесува до цената, ситуацијта ќе биде идентична и за корисниците на Android. Првите неколку нивоа од играта се бесплатни, додека за целата игра, ќе треба да доплатите уште 10 долари. Според досегашната пракса, познато е дека корисниците на iOS се посклони на плаќање за користење на апликации, па со оглед на тоа Nintendo тешко ќе може да се надева на драматично зголемување на профитот кога играта ќе биде промовирана на 23-ти месецов.

Претходна статијаSamsung го претстави Bixby – дигиталниот асистент кој ќе биде вклучен во Galaxy S8
Следна статијаARM претстави нови DinamIQ чипови наменети за новата генерација на уреди со вештачка интелигенција