Vulnerability Research тимот на Microsoft Edge објави нова функција која ќе ја добие прелистувачот од компанијата, која треба да ја подобри значително неговата безбедност и има навистина интересно име.

Super Duper Secure Mode е името на новата функција и истата може да се вклучи во тест верзиите на Microsoft Edge, преку edge://flags/#edge-enable-super-duper-secure-mode.

Вклучувањето на оваа функција, во оваа фаза, исклучува функција која е дел од прелистувачот и е наменета за побрза работа на JavaScript делот кај страните. Поради ова можно е одредено намалување на перформансите на Edge, односно намалување на брзината на отворање на страните, но се истакнува дека тоа не секогаш е случајот, а и корисниците ретко би можеле да го забележат истото.

Поточно, се исклучува функцијата JIT – Just-In-Time од V8 веб технологијата која е дел од сите Chromium прелистувачи, што значи дека доколку се покаже како успешна метода за безбедност, може да ја видиме и кај Chrome и другите прелистувачи базирани на овој код.

JIT технологијата е доволно сложена да не ретко се појавуваат грешки и багови, поради што се искористува од страна на хакерите. Според статистиките, искористувањето на слабостите од оваа технологија е заслужно за нешто повеќе од половина од искористените слабости во Chrome прелистувачот.

Со оглед дека се работи за функција во тест фаза, нема информација кога би можеле да ја очекуваат корисниците како дел од стабилната верзија од Chrome.

Целосното и техничко објаснување на Super Duper Secure Mode е достапно тука.

ИЗВОРBleeping Computer
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаWindows 11 ќе добие нова функција за концентрација при работа која доаѓа со интегриран Spotify
Следна статијаXiaomi Mi Mix 4 се очекува да дојде со предна камера сместена под екранот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.