Фото: Shutterstock.com

Трите најпознати интернет прелистувачи на PC се ближат до верзијата 100 која за некои веб страни може да се покаже како проблематична. Иако се работи за мала бројка, сепак одредени веб страни нема да може да функционираат кога корисниците ќе ја инсталираат верзијата 100 од Google Chrome, Mozilla Firefox, па и Microsoft Edge кој е направен на основа на истиот код со Chrome.

Проблемот е во читањето на верзијата од интернет прелистувачот, функција која ја имаат веб страните за следење на статистички податоци. Дел од овие веб страни во својот код ќе имаат проблем со преминувањето до две на три цифри во бројот од верзијата, па тие може да не функционираат целосно или да не функционираат како што треба.

Ова до некаде потсетува на познатиот Y2K случај од 1999-2000 година, кога одредени компјутери потенцијално можеа да имаат проблем со датите поради неможноста да се направи разлика помеѓу 1900 и 2000 година.

Google и Mozilla уште од минатата година работата на решение за овој проблем, а не се исклучува можноста да бројот на верзијата во позадина биде „замрзнат“ на 99 со цел да нема проблем со веб страните.

Mozilla, кои во детали го објаснуваат проблемот во оваа објава, покажуваат и како може да се вклучи верзија 100 уште од сега на Firefox и Chrome, па сопствениците на веб страни да ги проверат можните проблеми уште од сега.

Google Chrome и Microsoft Edge ќе ја пуштат стотата верзија идниот месец, додека Mozilla Firefox до мај.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаДруштвената мрежа на Доналд Трамп, Truth Social официјално пуштена на iOS во САД
Следна статијаApple дополнително го одложува влезот на пазарот на уреди со екрани кои се превиткуваат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.