ss_win7modern

По пуштањето на Windows 8 пред нешто повеќе од 2 години, една од главните поплаки на корисниците беше целосното тргање на Старт менито, кое што беше заменето со Старт екранот и живите плочки. Брзиот и едноставен начин на наоѓање на одредени документи, програми и слично, на корисниците им беше заменет со целосно нов кориснички интерфејс кој што вклучуваше и нови гестови за работа. Се разбира имаше и корисници кои што не се жалеа на ова, па дури им се допаѓаше.

Ваквата ситуација доведе до излегување на една нова категорија на програми за замена на Старт менито, односно во тој случај и враќање на истото. Повеќе компании претставија свои верзии од Старт менито, некои наменети да го копираат тоа од Windows 7, други со целосно нов начин на работа и изглед.

Едно од попопуларните вакви програми беше Start8 од Stardock, позната компанија која што претставува програми за прилагодување на Windows веќе повеќе години. Start8 менито е направено да изгледа скоро исто како тоа во Windows 7, а нудеше и некои додатни прилагодувања.

Stardock оваа недела ја претстави бета верзијата од Start10, Старт мени за новиот Windows 10. Ова е интересно поради фактот што Microsoft реши да го врати Старт менито во новата верзија од оперативниот систем, па се веруваше дека ваквите програми ќе станат непотребни.

win-10-start-menu-1

Меѓутоа од Stardock не веруваат дека тоа ќе биде случајот. Иако Microsoft го враќа Старт менито во Windows 10, тоа нема да биде истото од Windows 7. Како што можевме да видиме во тест верзиите кои што се достапни, менито е еден вид на комбинација на старото мени, со модерно мени на кое што се поставени живите плочки. Со ова ќе бидат задоволни голем дел од корисниците кои што претходно не беа, меѓутоа од Startdock веруваат дека повторно ќе останат корисници кои што го сакаат старото Windows 7 Старт мени.

Start10 ќе нуди нешто повеќе од Start8. Корисниците ќе може да изберат помеѓу класичен изгледа на менито или модерен кој што ќе изгледа повеќе во склад со новиот дизајн стил. Исто така, тие ќе можат да изберат и да ги има живите плочки на него. На Start10 менито ќе може да се прикачуваат и модерните апликации, односно кога е наместено да биде во класичниот стил, нешто што сега е потребно поради целосното тргање на Старт екранот.

ss_config.jpg

Дали и Windows 10 ќе биде оперативен систем кој што ќе има потреба од ваквите програми ќе видиме во периодот што следи. Како и да е, ова никако не може да се гледа како лошо, поради тоа што корисниците ќе имаат избор од повеќе начини за користење на нивниот систем.

Извор: Stardock

Претходна статијаValve влегува во виртуелната трка со Steam VR
Следна статијаРеклама за „најтенкиот телефон“ забранета во Британија поради тврдења за објективизирање на жените
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.