Stardock, компанијата која овозможува повеќе алатки за промена на изгледот и функционалноста на Windows повеќе од 20 години, ја претстави Start11, најновата верзија од својата позната апликација за промена на Старт менито во Windows.

Како што кажува самото име, Start11 е апликација која треба да овозможи промена на Старт менито во Windows 11, а можат да ја користат и корисниците на Windows 10.

Stardock овозможува апликации за промена на Старт менито уште од првата негова поголема промена со Windows 8.

Start11 е наменета за корисниците кои ретко сакаат да го користат Старт менито кое доаѓа со Windows, а во овој случај со Windows 11. Не е мал бројот на корисници кои сакаат да го прилагодат Windows на свој начин, па Stardock овозможува повеќе корисни апликации за истото.

Најновата апликација е достапна во бета верзија и овозможува избор помеѓу класично Старт мени, слично со тоа што се користеше до Windows 7, како и помодерно Старт мени кое е слично со тоа во Windows 11, но со повеќе можности.

Корисниците имаат повеќе можности како да го прилагодат менито, од големината на иконите, бојата, проѕирноста, а достапен е и посебен дел за прилагодување на таскбарот.

Како и другите апликации од Stardock, Start11 не е бесплатна, па чини 4,99 долари, што за тие кои навистина не сакаат да останат со „фабричкото“ Старт мени, не е голема сума.

Претходна статијаПрограма A1 WayUp – повик за дипломци кои се подготвени да работат со DATA
Следна статијаZorin OS 16 Pro им нуди на корисниците кориснички интерфејс како Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.