Новата можност на Spotify се состои во тоа што во „search bar-от“ може да внесеш неколку збора кои се составен дел од песната и добиваш листа на наслови кои кореспондираат, обележани со таг “lyrics match”. Се подразбира дека овој начин на пребарување не е совршен, па доколку при слушање, погрешно сме разбрале некој збор и го внесеме погрешно во дел од реченицата, тешко дека ќе биде препознаен како дел од песна и пребарувањето ќе биде неуспешно. 

Опцијата е достапна за iOS и Android и Македонија спаѓа во земјите во кои оваа опција е овозможена.  

Но, оваа можност која ја нуди Spotify дури сега, не е револуционерна на пазарот бидејќи Apple Music ја воведе уште во 2018 година. Може да се класифицира како дел од постојана борба на докажување помеѓу Apple Music и Spotify.  

Кога се работи за текстот на песните, во јуни оваа година Spotify исто така на корисниците им овозможи „real-time“ појавување на текстот на песната при нејзиното свирење, кое го олеснува потпевнувањето и подоброто разбирање на текстот. За жал оваа опција може да се користи само во 26 земји, помеѓу кои не се наоѓа САД ниту пак Македонија. 

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаСледниот Galaxy Z Fold може да има дополнително осветлување на шарката каде се превиткува екранот
Следна статијаSpecs е се што ти треба за да го задржиш фокусот