Како што можевме да прочитаме неофицијално во јули минатата година, Spotify започна со тестирање на нова можност која сервисот ќе го стави во поголема конкуренција со YouTube.

Spotify добива музички видеа, односно целосни видеа, за разлика од кратките видеа и досега достапни. Корисниците ќе можат да го видат целосното видео од конкретната песна која ја слушаат, а не само исечок кој трае до 10 секунди.

За почеток оваа новина е во бета фаза, па е достапна само во 11 земји, односно во Обединетото Кралство, Германија, Италија, Холандија, Полска, Шведска, Бразил, Колумбија, Филипините, Индонезија и Кенија.

Исто така, корисниците во овие земји ќе имаат пристап до музичките видеа само доколку се претплатници на Premium пакетот, што значи тие нема да им бидат достапни на бесплатните корисници.

Музички видеа не се достапни за целата достапна содржина, очекувано со оглед на огромниот број. За почеток може да се очекува ограничен број на видеа, а од компанијата ги најавуваат за песните од Ed Sheeran, Doja Cat, Ice Spice и уште неколку од локални изведувачи во земјите.

Корисниците можат лесно да се префрлат од аудио на видео режим на гледање, со тоа што песната ќе започне од почеток при префрлување на видео спотот. Во секој момент можно е и враќање на слушање само на аудио верзијата од песната.

Музичките спотови ќе бидат достапни на сите верзии од апликацијата на Spotify, односно на iOS, Android, десктоп апликациите и преку телевизорите.

„Во раните „неонски“ 80-ти, музички спотови се појавија на ТВ екраните, претворајќи некои од најомилените песни во визуелни искуства што го редефинираа начинот на кој обожавателите се поврзуваа со уметниците ширум светот. Оттогаш, не само што музичките видеа станаа еден од многуте начини на кои обожавателите ги откриваат и се заљубуваат во уметниците, туку и култните видеа станаа дел од поп културата, поттикнувајќи разговори и влијаејќи на стилот.“ – истакнаа од Spotify. „Тие се моќен начин за фановите да откријат и да се поврзат со музиката и природно одговараат за достапност на Spotify. Затоа сме возбудени да лансираме музички видеа во бета верзија за корисниците на Spotify Premium на 11 пазари, додавајќи уште еден начин за подобрување на врската помеѓу изведувачот и обожавателите.“

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаApple дозволи инсталација на апликации директно од веб страни за корисниците во Европската Унија
Следна статијаИскористете ја промоцијата на Samsung и со секој купен Galaxy A55 5G или A35 5G добијте Galaxy Buds FE слушалки бесплатно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.