Spotify продолжуваат со своите несогласувања кои ги имаат со Apple, сега со прекин на функционирањето на една можност кај Spotify Connect функцијата. Оваа функција им овозможува на Premium корисниците да пуштаат музика на други уреди, како на пример од својот мобилен на компјутерот или телевизорот, а дел од оваа можност е и контролата на звукот со копчињата за звук на телефонот.
Корисниците на Spotify од почетокот на септември веќе нема да можат да ги користат копчињата за звук на iPhone за контрола на звукот на музиката на другите уреди преку Spotify Connect. Причината за ова од компанијата истакнуваат е тргањето на пристапот до технологијата од страна на Apple, па повторно се очекува реакција од Европската Комисија која почна да се меша во ваквите работи.
Корисниците на Spotify ќе мораат да ја вклучат апликацијата и преку неа да го менуваат звукот, со што се зголемува бројот на чекори и брзината на промената на звукот.
Од Apple сепак овозможуваат апликациите да ја имаат оваа функција, не само Apple Music, но за тоа тие треба да ја користат API алатката за интеграција со HomePod, нешто што од Spotify не го прават, не знам зошто.
Apple се познати по тоа што сакаат да го ограничат пристапот до одредени функции само за нивните апликации и сервиси, а Spotify веќе имаат проблем со компанијата поради процентот кој го наплаќаат кога се користи системот за наплата преку уредите од Apple.