speedtest-net-win10

Ookla стојат зад развојот на најпознатиот мерач на брзината на интернет конекцијата, Speedtest.net. Апликација за овој сервис има за сите платформи, вклучувајќи ја и Windows Phone платформата, а се разбира корисниците можат да ја користат и веб верзијата.

Од пред неколку дена, Speedtest.net е достапен како модерна Windows 10 апликација за десктоп компјутерите, па корисниците можат многу побрзо и едноставно да ја измерат својата брзина, без потреба од отворање на веб страната од сервисот.

Апликацијата за Windows 10 го има најновиот дизајн којшто се користи во бета на веб, па корисниците го добиваат најновото од сервисот. Како што би се очекувало, Speedtest.net за Windows 10 ги има сите функции од сервисот, односно:

  • Проверка на пинг, брзина на симнување и качување
  • Графикон за следење на брзината во вистинско време при мерењето
  • Проверка на брзината со цел да се види дали се добива брзината која операторот ја рекламира
  • Следење на претходните тестови за споредба
  • Лесно споделување на резултатите

Speedtest.net за Windows 10 можете да ја симнете преку продавницата за апликации, односно преку следниот линк.

Апликацијата достапна на мобилната верзија од Windows 10 не е ажурирана со излегувањето на десктоп верзијата, а не е ни познато дали истото ќе биде направено.

Претходна статијаОфицијално: Samsung го прекина производството на Galaxy Note 7 засекогаш
Следна статијаGoogle Duo треба да ја замени Hangouts како апликација која ќе доаѓа со новите смартфони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.