skype-desktop-new

Пред неколку недели Skype претстави нова верзија од своите десктоп апликации за корисниците на Windows и Mac. Новата верзија вклучуваше меѓу другото е целосен редизајн кој што ја направи апликацијата многу послична со дизајнот во кој што се направени мобилните верзии. Со тоа корисниците добиваат поконзистентно искуство кога ја користат оваа апликација на различните уреди.

Skype за десктоп сега е направен во рамниот дизајн стил кој што се користи на мобилните телефони, разговорите се подобро прикажани повеќе одделени еден од друг, а подобрено е споделувањето на слики и други фајлови.

Кога оваа нова верзија беше за првпат претставена, за корисниците на Windows беше достапна во таканаречена Preview верзија, која што иако беше целосно функционална, не беше финалната верзија. Доколку отидевте на главната страна од Skype да ја симнете десктоп апликацијата, прво ќе ви беше понудена старата верзија. Тоа не беше случајот за Mac верзијата, а финалната верзија за Windows беше најавена за кратко време.

Screenshot 2014-10-29 18.18.15

Screenshot 2014-10-29 18.18.22

Од денеска Skype за Windows десктоп е достапна во финалната верзија за сите корисници и истата можете да ја симнете и користите. Доколку причекате, како и досега, Skype ќе ви понуди да ја инсталира новата верзија во текот на наредните недели.

Доколку веќе ја користите Preview верзијата, нема потреба истата прво да ја избришете, односно можете да ја симнете новата верзија и Skype автоматски ќе биде надграден на најновата верзија.

Новата верзија го носи бројот Skype 6.22.81.104 и можете да ја симнете од главната страна на Skype или директно преку следниот линк.

Извор: Skype, WindowsCentral

Претходна статијаПочуствувајте ја музиката со новите слушалки на Alpine
Следна статијаРекордна интернет брзина од 255Tbps постигната на едно оптичко влакно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.