skype-logo-open-graph

Една од повеќето нови функции кои што дојдоа со новата верзија од мобилниот оперативен систем на Apple, iOS 8 е можноста за поголема интеракција со нотификациите. Тоа значи дека тие веќе не служат само за да ве информираат дека нешто ново имате добиено од одредена апликација, што е тоа, како и можност да ја отворите конкретната апликација. Со новите интерактивни нотификации можете да извршувате одредени активности директно преку нив, наместо да ја отворате целата апликација.

iOS 8 стана достапен за сите корисници минатата недела, па очекувано беше дека постепено ќе почнеме да гледаме нови, но и надградени апликации направени да ги искористат некоја од новите можности кои што ги нуди оваа верзија од системот.

Најновата верзија од Skype за iPhone, односно 5.5, ја искористува можноста за интерактивни нотификации. Истата е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете или надградите преку линкот на крајот од оваа статија. Кои се активностите кои што ќе можете да ги направите на пократок начин со најновата верзија од Skype за iOS 8:

Аудио и видео повици

Преку центарот за нотификации и lock екранот:

  • За дојдовни аудио повици – повлечете лево на нотификацијата за да одговорите на повикот или да го одбиете
  • За дојдовни видео повици – повлечете лево на нотификацијата за да одговорите со аудио или видео повик
  • За пропуштени аудио и видео повици – повлечете лево на нотификацијата за да се јавите или да испратите порака

Преку банерот од нотификацијата:

  • За дојдовни аудио повици – повлечете надоле на нотификацијата за да одговорите на повикот или да го одбиете
  • За дојдовни видео повици – повлечете надоле на нотификацијата за да одговорите со аудио или видео повик
  • За пропуштени повици – повлечете надоле на нотификацијата за да се јавите или да испратите порака

Пораки

Преку центарот за нотификации и lock екранот:

  • За нови пораки – повлечете лево на нотификацијата за да одговорите
  • За нови пораки од lock екранот – повлечете надоле на нотификацијата за да одговорите

Се разбира како и секоја нова верзија од апликациите и оваа вклучува и додатни подобрувања на работата и перформансите.

skype-ios-qr

Претходна статијаКонтролирајте го вашиот десктоп со камерата на вашиот паметен телефон
Следна статијаMicrosoft со DirectX 11.3 нуди подобрување во ефектите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.