skype-android-icon

Корисниците на Skype, односно тие коишто се и корисници на Android, оваа недела добиваат две нови можности за нивната апликацијата. Не се работи за големи промени, меѓутоа мали ситници коишто треба да го подобрат корисничкото искуство, а посебно на активните корисници.

Првата новина е можноста за закажување на повик, односно креирање на потсетник во календарот директно од Skype апликацијата. Нова опција за оваа намена е додадена во менито достапно додека е отворен одреден контакт, а притискањето на истата носи директно во Outlook календарот, а може да се користи и друг.

Можноста за закажување на повици е корисно за корисниците коишто ја користат апликацијата за деловни потреби, но и за големиот број на корисници кои ја користат оваа апликација за комуникација со семејството кое живее во друга временска зона, на пример.

Skype за Android исто така добива можност за полесно отворање на Word, Excel и PowerPoint фајлови добиени во разговорите. Притискањето на фајловите, веднаш ја отвора соодветната апликација од Microsoft, а доколку истата не е инсталирана ве носи да го направите истото.

Оваа нова можност повеќе личи на промовирање на своите апликации, меѓутоа тоа и не е за изненадување во ова конкурентно време на постоење на огромен избор, па корисниците не ретко се решаваат да го користат она што им е најлесно достапно.

Skype за Android можете да ја ажурирате преку Play Store или да ја симнете преку следниот линк.

Симни ја Skype за Android

Извор: Skype

Претходна статијаYouTube воведе можност за континуирано повторување на видеата
Следна статијаКоосновачот на Mozilla претстави нов прелистувач кој ќе блокира реклами
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.