Една од најпознатите апликации за разговори, која за малку ќе беше откажана пред корона кризата, добива неколку новини од кои дел се прашуваме дали се потребни и дали Microsoft продолжува со нивниот стил на „натрупување“ на нивните производи.

Првата новина е временска прогноза, која како мала икона е додадена во горната лента до името на корисникот. Нејзиното притискање отвора поголем дел на десната страна каде може да се видат повеќе детали околу моменталните временски услов, како и за наредните неколку денови.

Наредната новина е „понормална“, односно е дел од функционалноста на апликацијата. Издвоени се во два посебни делови Skype повиците и обичните, односно телефонски повици.

Во делот за Skype повиците може да се започне нов повик или да се добие линк за испраќање, додека во делот за обични повици достапни се информации за кредитот кој го има корисникот за правење на повици надвор од апликацијата.

Skype повиците, односно контактите, добиваат поголем приоритет во Contacts делот, па ќе бидат прикажувани повисоко во листата.

Подобрувања добива уште еден дел кој го ставаме во категоријата на „наметнати“ функции, а тоа е новиот Bing, кој веќе одреден период е достапен како посебен контакт.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаGoogle Photos доби неколку нови алатки за измена на сликите кои досега беа достапни на мобилните
Следна статијаMicrosoft Flight Simulator 2024 изгледа уште подобро и овозможува повеќе видови на летови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.