После откажувањето на плановите за прекин на развојот на Skype и насочување на корисниците кон Microsoft Teams, а во главно поради популарноста на ваквите апликации за време на „короната“, апликацијата продолжи да функционира, па и да добива нови функции. 

Иако бројот на корисниците не може да се спореди со порано, сепак Skype останува една од најпознатите апликации за видео разговори, како и за повици од апликацијата кон фиксни и мобилни телефони. 

Начинот на којшто корисниците добиваа можност да се јавуваат на обичните телефонски линии обично беше преку купување на кредити. Сега овие кредите веќе нема да бидат достапни, па купувањето на минути ќе може да се направи само преку достапните пакети со месечна претплата. 

Зависно од земјата каде би сакале да можете да се јавите и дали само на фиксни или и на мобилни телефони, претплатите не се толку високи, а посебно ако користењето на Skype за ваква намена е нешто што ви е потребно. 

Месечни минути на Skype се добиваат и како дел од претплатите за Microsoft 365, односно порано нарекуваниот Office пакет. 

ИЗВОРNeowin
Претходна статијаПет заклучоци од 7. Регионална конференција за е-трговија – “E-commerce: Untangling Potential”
Следна статијаGoogle претстави посебна верзија од Android за очилата за проширена реалност
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.