qik-all-screens

Во октомври 2014 година Skype ја претстави апликацијата Qik, наменета едноставно за испраќање на кратки видео пораки. Претставувањето на оваа апликација беше до некаде чудно, со оглед на фактот што Skype веќе ја имаше оваа функција, односно можноста за испраќање на видео пораки.

Skype Qik сепак се разликуваше во некои делови од функцијата на Skype. За користење на оваа апликација не беше потребна корисничка сметка, а истата функционираше само преку телефонските броеви во именикот. Исто така, воведени беа одредени можности, како филтри на видеата и претходно снимени видео пораки кои неа беа достапни во главната Skype апликацијата.

После нешто повеќе од година дена, Skype најави дека Qik апликацијата ќе престане да функционира заклучно со 24-ти март оваа година. Причината за тоа не е директно истакната, меѓутоа јасно е дека многу мал број на корисници се имаат решено да ја користат.

Дел од функциите на Qik со тек на време беа вклучени во Skype, а од компанијата истакнуваат дека повеќето корисници сепак ја користат главната апликација за ваква намена.

Инаку Qik е апликација развиена од страна на истоимената компанија којашто Microsoft ја има купено пред купувањето на Skype. Пуштањето на посебна апликација години подоцна беше чудно, но можеби беше еден начин за тестирање на одредени функции наменети подоцна за воведување во Skype.

Доколку сте еден од ретките корисниците на Skype Qik, се препорачува да ги зачувате сите важни пораки коишто ги имате, а истите веќе нема да бидат достапни после 24-ти март.

Извор: Skype

Претходна статијаFoxconn во преговори за купување на јапонскиот Sharp
Следна статијаApple ќе ја вклучи Siri во наредната верзија на OS X
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.