Изминатите година дена Microsoft повторно го врати вниманието на Skype, нешто што требаше повеќе да биде насочено кон Microsoft Teams апликацијата, која сега има поддршка и за приватни, бесплатни сметки.

Доколку се споредат овие две апликации, односно Microsoft Teams за приватни сметки и Skype, ќе се заклучи дека Microsoft ги има унифицирано функциите, па освен корисничкиот интерфејс, овие две апликации сега се скоро исти.

Една работа која беше уникатна за Microsoft Teams сепак, беше можноста за поништување на бучавата. Оваа функција стана популарна минатата година поради почестото работење од дома, каде не секогаш може да се обезбедат саканите услови за учество во видео конференција.

Сега оваа функција станува достапна и за корисниците на Skype, поточно за десктоп верзијата од апликацијата. Истата е автоматски вклучена, а корисниците може да го променат нивото, како и да ја исклучат преку Settings > Audio & Video.

Достапни се три нивоа кои може да ги изберат корисниците, односно автоматско, ниско и високо ниво. Автоматското ниво е вклучено по надградба на апликацијата, а тоа може да се каже и дека е доволно за повеќето корисници.

Microsoft во посебна статија објаснува како функционира поништувањето на бучавата, па доколку ве интересира техничкиот дел, можете да ја прочитате на овој линк.

ИЗВОРThurrott
Претходна статијаMicrosoft ќе го унифицира кодот на Edge за сите платформи
Следна статијаAirCare ја освои престижната World Summit Award 2020 награда од ОН
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.