Огромна софтверска грешка пронајдена во кодот на апликацијата Skype. Од Microsoft ја потврдија информацијата дека се соочуваат со големи проблеми со популарниот Skype. Имено, специјалистот за безбедност Стефан Кантак утврдил дека софтверското надополнување за апликацијата може да биде измамено да вчита „злонамерен“ код, наместо оригиналниот.

Поедноставно кажано, се работи за недоволен степен на заштита при физичкото модифицирање на т.н. DLL фајлови. За модификација на истите доволен е авторизиран кориснички пристап, а не препорачаниот административен. На ваквата состојба тој ги предупредил уште во септември.

Меѓутоа, заклучокот бил дека за исправка на оваа грешка потребно е да се произведе потполно нов код. Нешто што компанијата во моментот не е во состојба да го спроведе. Подобрување на ова поле ќе дојде со нова верзија од продуктот. Од компанијата-сопственик, меѓутоа нема информации кога истата би можела да се очекува.

Се чини дека Microsoft има попаметна работа одошто да троши ресурси на безбедноста на апликација од типот на Skype. Иако ретко кој го користи за чување чувствителни информации, фрустрирачки е доколку било кој добие пристап до истите или го користи вашиот налог за споделување спам содржини. И покрај големиот безбедносен пропуст, важно е да се напомене дека за да се наштети на апликацијата нужно е да се има физички пристап до датотеката. Што не значи дека некој нужно мора да го користи самиот компјутер на кој апликацијата е инсталирана.

Она на што Кунтак сака да предупреди е теоретската можност и потенцијалниот ризик. Меѓутоа тешко дека конкретно ова ќе биде причината за некој нов хакерски скандал во иднина.

ИЗВОРEngaget
ИЗВОР 2ZD Net
Претходна статијаFacebook се најде пред белгискиот суд поради некоректно прибирање информации
Следна статијаСимулација одреди кои се шансите Tesla Roadster-от да се врати на планетата Земја