Signal може да се каже дека е апликацијата број 1 кога е во прашање приватноста. Оваа апликација беше препорачана и од Едвард Сноуден, но најголемиот број на корисници го добива овој период поради промената на политиката на приватност од страна на WhatsApp.

Во западните земји WhatsApp е една од најпопуларните апликации, па бројот на корисници кои се префрлуваат на Signal не е мал.

Дополнително за популарност на Signal имаше влијание и препораката оваа година од страна на Елон Маск, па постепено може да се каже дека оваа апликација ќе влезе во групата на најмногу користени.

Тие затоа оваа недела најавија неколку новини кои овој пат не се поврзани со приватноста на корисниците, туку со нивното корисничко искуство. Па така, корисниците ќе добијат можност да ја бираат позадината на разговорите, а истото може да се направи и за секој посебен разговор.

Signal исто така добива и About дел каде корисниците ќе можат да напишат нешто повеќе за нив, а тука се и анимираните стикери кои кај другите апликации одамна се покажаа како доста популарни.

Корисниците на iOS добиваат новина која веќе ја има на Android, а тоа е можност за избор на посебни прилагодувања поврзани со автоматското симнување на добиените датотеки, како слики, видеа и слично.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаApple наскоро ќе ја пушти новата функција за приватност кај iOS 14 која предизвика проблеми со Facebook и огласувачите
Следна статијаКако ќе функционира системот на Google за реклами според интереси без следење со колачињата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.