По поставувањето на Google Messages како главната апликација за SMS пораки кај најновите Samsung уреди, за почеток во САД, од компанијата сега продолжуваат со префрлувањето на корисниците кон оваа апликација од Google. 

Како главна причина за оваа одлука изгледа се смета развојот на RCS протоколот од страна на Google, па нивната апликација ги има најновите функции поврзани со овој нов протокол кој се користи наместо SMS, односно претставува „iMessages“ за Android. 

Според информациите, Samsung започнале со известување на корисниците на постарите смартфони и нивно насочување кон Google Messages апликацијата, па сигурно овој процес може да се очекува да биде засилен и проширен во периодот што следи. 

За некои од корисниците ова може да не е баш добредојдено кога ќе се земе во предвид дека Samsung Messages е одлична апликација, едноставна и со добар дизајн, а има и неколку функции кои ги нема кај Google Messages. 

Од ова може да се заклучи дека со тек на време Samsung планира да го прекине развојот на нивната апликација, па корисниците на Android во главно ќе ја имаат Google Messages за комуникација преку SMS и RCS протоколите. 

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаSamsung One UI 6.1.1 ги носи најновите Galaxy AI функции до уште повеќе корисници ширум светот
Следна статијаПатувачката гајба на Скопско пропатува низ градовите во земјава, со најава за големата роденденска забава во Скопје
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.