Mozilla Thunderbird, како што се викаше апликацијата на почетокот, е една од најпознатите апликации за проверка и менаџирање на имејл комуникацијата. За жал, развојот на апликацијата од страна на Mozilla беше намален, па и скоро откажан, па сега апликацијата е развивана од страна на мала заедница на програмери и го носи името Thunderbird.

Оваа апликација уште го има стариот изглед од пред 10тина години, па минатата година можевме да прочитаме дека кончено се подготвува редизајн кој ќе ја донесе Thunderbird на ниво на конкурентите.

За редизајнот се што беше кажано е дека може да се очекува оваа година, некаде после верзијата 110 од апликацијата.

Во статија каде се објаснува начинот на развој на Thunderbird и правецот во кој ќе се движи, се најавува дека апликацијата конечно ќе го добие својот редизајн со верзијата 115. Оваа верзија треба да биде пуштена некаде во јули, па верните корисници на апликацијата ќе бидат задоволни со донесувањето на Thunderbird во тек со времето.

Овој редизајн ќе овозможи и нови корисници да и дадат шанса на апликацијата, а уште поважно, да се вратат некои од старите.

Покрај редизајнот, се најавуваат и уште неколку други активности кои се планирани за наредните три години. Сепак се работи за мала екипа која не е во можност побрзо да ги прави промените.

Овие промени подразбираат подобрување на кодот, промена на стар код, како и тргање на стар и непотребен код од апликацијата. Дополнително, Thunderbird треба да има нова верзија еднаш месечно, што значи дека ќе може да се очекуваат подобрувања многу почесто во текот на годината.

ИЗВОРPCWorld
Претходна статијаКопчето за пребарување во Windows 11 ќе може да се менува во неколку различни стилови
Следна статијаРекорден број на инсталација на Microsoft Bing апликацијата по претставувањето на интеграцијата со ChatGPT
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.