Microsoft пушти редизајнирана и преработена веб верзија од нивната продавница за апликации на Windows, Microsoft Store. Корисниците и досега можеа да ги видат достапните апликации за Windows и преку веб, меѓутоа тоа не можеше да се нарече баш најдобро искуство.

Со новиот дизајн, покрај тоа што страната изгледа доста подобро, воведени се и две новини кои ќе ја направат веб продавницата за апликации доста покорисна и ќе има причина зошто некој би ја користел.

Првата новина е достапноста на „win32“ апликациите кои ги има во Windows апликацијата, односно класичните апликации кои обично се симнуваат од страната на нејзиниот програмер.

Microsoft Store со Windows 11 ги донесе овие апликации, без потребна од нивна промена, па со тек на време се почесто може да се очекува достапност на класичните апликации директно преку продавницата.

Втората новина на веб верзијата од Microsoft Store е можноста за директна инсталација на некоја апликација, во мал и компактен прозор, наместо целосно отворање на целата апликација на компјутерот, па притискање на Install.

Оваа новина може да ја користат и останатите програмери и да ја постават на нивната страна, односно доколку нивната апликација е достапна преку Microsoft Store, да постават директен линк за инсталација на нивната страна.

Новата продавница за апликации на веб можете да ја погледнете на овој линк.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаНов македонски рекорд во скок во далечина
Следна статијаInstagram уште не планира да направи посебна iPad верзија од нивната апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.