Фото: Shutterstock.com

Google Messages апликацијата ќе добие мала новина која е добредојдена и ќе го направи користењето на истата малку попрактично. Разговорите кои се прават со сега веќе доста популарниот RCS протокол, ќе добијат посебна позадина со која истите ќе бидат подобро означени.

Корисниците на овој начин ќе можат лесно да направат разлика помеѓу нивните RCS разговори од тие кои се прават преку старите SMS и MMS пораки.

Од тоа што може да се види досега, новината уште се тестира, позадината ќе биде доскретна, а бојата ќе зависи од остатокот на системот, односно од бојата која корисникот ја има избрано.

Засега позадината многу потешко се гледа кога е вклучена темната тема, но сигурно од Google ќе направат доволно промени додека сите корисници ја добијат оваа новина.

RCS протоколот веќе е стандарден кај повеќето оператори и корисници, а повторно доби на популарност по најавата дека Apple конечно ќе додаде поддршка за овој протокол кај нивната Messages апликација идната година.

Со ова, корисниците веќе нема да имаат апликација која не користи модерен протокол, со што ќе може да се испраќаат поголеми датотеки, да се види дали пораката е прочитана, кога другата страна пишува и слично.

Во нашата земја корисниците во главно комуницираат преку Viber и Messenger, па потребата од големи промени кај Messages апликациите не е толку важна како во САД и некои други земји.

ИЗВОРAndroid Authority
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаGoogle ќе започне со вклучување на Tracking Protection за мал дел од корисниците на Chrome од идниот месец
Следна статијаBitdefender претстави ВИ алатка која проверува за измами
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.