Messages апликацијата може да се каже дека станува вистинска алтернатива на познатата истоимена апликација од Apple, но за корисниците на Android. Со воведувањето на RCS протоколот, Google направи да нивната апликација функционира исто како таа на Apple, односно покрај можноста за SMS пораки, истата функционира со напредни функции кога се користи интернет конекцијата.

За потсетување, со користење на RCS протоколот, корисниците добиваат можност да испраќаат слики, да гледаат кога другата страна пишува, да ставаат реакции и слично.

Од компанијата најавија дека оваа функција во Messages ќе биде автоматски вклучена отсега, па корисниците веќе нема да мора самите да ја вклучуваат. Тоа значи дека кога ќе испраќаат пораки на други корисници кои ја имаат апликација, а поддршка за протоколот имаат и апликации како таа од Samsung, комуникацијата ќе оди преку интернет, а не преку SMS протоколот.

Одредени корисници само ќе мора да ги прифатат условите од операторот, ако првпат ја инсталираат оваа апликација, но RCS протоколот ќе биде вклучен, а секако кој сака може да го исклучи.

Друга предност на оваа апликација со RCS протоколот е користењето на шифрирање, па за разлика од SMS, операторот, па ни Google, не можат да ги видат пораките.

Од компанијата најавија и дека шифрирањето на пораките сега е автоматски пуштено за сите корисници, а тоа важи и за групните разговори.

Google се обиделе Apple да го прифатат овој протокол, па корисниците помеѓу iPhone и Android да можат да комуницираат на модерен и заштитен начин, но не чуди фактот дека од компанијата немаат прифатено ваква соработка.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаНовиот Galaxy Z Flip5 во ментол зелена боја е создаден за оние кои со својот стил се издвојуваат од толпата
Следна статијаiPhone 15 серијата можеме да ја очекуваме на 12 септември, повторно со претходно направена снимка од настанот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.