Неофицијалната најава за можноста Microsoft да вгради поддршка за Android апликации во Windows 10 дојде од Windows Central кои најавија дека ќе напишат повеќе кога ќе имаат повеќе информации.

Сега тие повторно излегуваат, овој пат со повеќе детали околу оваа новина која се најавува за идната есен, кога се очекува дека Windows 10 ќе ја добие најголемата надградба после повеќе години.

Според нив, се работи за софтверско решение кои на програмерите ќе им овозможи да направат минимални измени на нивните апликации и со тоа тие да може да се поднесат во Microsoft Store и да бидат инсталирани во Windows 10.

Ова е веќе видено од Microsoft за другите видови на апликации, а најавата за Android апликациите остана неостварена. Сега Project Latte треба да продолжи каде што претходно застана Astoria и со тоа Windows 10 да го направи многу повеќе привлечен за корисниците.

Начинот на којшто Android апликациите би требало да функционираат без или само со мала измена е преку систем ист или сличен на WSL – Windows Subsystem for Linux. WSL веќе овозможува пуштање и на апликации со нивниот графички интерфејс, апликации кои се направени да функционираат на Linux.

Според информациите, мали се шансите да на Windows 10 функционираат Google Play Services, што значи дека апликациите кои зависат од овој сервис, нема да може да функционираат, барем не без измена.

Доколку Microsoft навистина работи на Project Latte и ја донесе поддршката за Android апликации на Windows 10, останува само еден проблем уште од пред години, а тоа е мотивацијата на програмерите да ги прилагодуваат и поднесуваат своите апликации во Microsoft Store.

Оваа алтернатива е секако полесна и побрза од развивањето на посебна апликација за Windows 10, па можеби програмерите ќе се заинтересираат доколку прилагодувањето е навистина брзо и лесно.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаHuawei започна нова кампања за продолжување на гаранциите, ја продолжува услугата „од врата до врата” и Сервисниот центар останува отворен
Следна статијаВакцината на Moderna официјално има ефикасност од 94,1% и од компанијата веќе поднесуваат барање за одобрување за итна употреба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.