Компанијата Sensor Tower редовно излегува со статистики поврзани со двете најголеми продавници за апликации, App Store од Apple и Play Store од Google. Со оглед на масовноста на паметните телефони, како и големиот број на корисници на апликации, не е чудно што бројките покажуваат зголемување на приходите кои ги остваруваат овие продавници.

Според статистиките на компанијата, во првата половина на 2018 двете продавници имаат направено приходи од приближно 34,4 милијарди долари, за разлика за првата половина од 2017 кога тие изнесувале 26,9 милијарди долари, што е раст од 27,8%.

Она што е интересно веќе со години е големата разлика во приходите од апликации помеѓу App Store и Play Store. Иако Android како платформа има многу повеќе корисници, сепак корисниците на Apple се спремни да потрошат повеќе, па така, App Store има приходи од 22,6 милијарди долари од вкупните 34,4, додека Play Store има 11,8 милијарди долари. Тоа е скоро дупло повеќе, односно за точно 1,9 пати повеќе во корист на продавницата од Apple.

Ова отсекогаш било вака и воопшто не е чудно. Android има огромен број на уреди кои се распоредени во сите можни класи, па огромен број од нив се и од пониските каде корисниците не се спремни баш да плаќаат за апликации. Од друга страна Apple како бренд важи се поскап, па корисниците кои издвојуваат повеќе пари за самите уреди, не е чудо што трошат и повеќе на апликации.

Според статистиките, се гледа доминацијата на Android на пазарот, па првата инсталација на апликации на оваа платформа изнесува 36 милијарди, додека кај Apple таа е само 15 милијарди.

Интересно е да се види како Android има повеќе од дупло повеќе симнувања на апликации, но заработката од нив е скоро дупло помала.

ИЗВОРSensor Tower
ИЗВОР 29to5Mac
Претходна статијаСтарата верзија на Skype за десктоп престанува со работа на 1 септември
Следна статијаВистинска приказна за животот на сопругите на првите Американци во вселената
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.