Најновата верзија од Vivaldi прелистувачот, односно Vivaldi 6.1, им овозможува на корисниците да го користат новиот Bing Chat, нешто што се’ уште не им е овозможено на корисниците кои не го користат Microsoft Edge.

Од Microsoft сепак потврдија дека планираат да го пуштат пристапот до Bing Chat за другите прелистувачи, иако не е познато дали тоа ќе биде за сите или само за најпознатите, како Chrome и Safari.

Начинот на којшто Vivaldi им овозможува на своите корисници да пристапат до Bing Chat е едноставен. Прелистувачот се „претставува“ како Edge кога ќе се отвори страната на Bing, па што се однесува до другата страна, корисникот го користи прелистувачот од Microsoft.

За таа цел од Vivaldi ја користат функцијата Client Hints, која треба да ја замени User Agent и која во основа ги информира страните за прелистувачот, оперативниот систем и други технички информации.

Од компанијата истакнуваат дека тие веќе подолг период ја користат оваа практика да го претставуваат Vivaldi како Google Chrome. Ова го прават поради подобра компатибилност со страните, а со тоа и подобра оптимизација на ресурсите. Иако Vivaldi е направен на основа на Chromium, сепак некои функции му се достапни само на Chrome.

Иако корисниците можат да го симнат Microsoft Edge за да го пробаат новиот Bing Chat, сепак некои корисници може не сакаат да го направат тоа, а посебно не и поради тоа што тоа е целта на Microsoft. Од компанијата се познати по не реткото наметнување на своите производи на корисниците.

Vivaldi 6.1 добива и уште неколку новини, како подобрување на Workspaces функцијата, а целата листа на новини е достапна тука.

ИЗВОРVivaldi
Претходна статијаНастанот на Samsung „Bespoke Life 2023“ ги претставува технологиите што нудат погодности денес и градат поодржлива иднина
Следна статијаWordPress доби асистент со вештачка интелигенција кој може да ги пишува статиите за корисниците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.