13497741_1709774109271781_5735314095153234802_o

Post or not, која ќе биде достапна на Android и iOS, е апликација која е наменета да им ја олесни одлуката на корисниците дали одредена слика да ја објават на социјалните мрежи или не.

Идејата зад апликацијата доаѓа од искуството на нејзиниот програмер кој го имал со своите пријатели, но и луѓето во неговата околина. Тој забележал дека луѓето често сликаат повеќе слики во обид да ја погодат „перфектната“ слика која потоа ќе ја стават на Facebook, Instagram и слични сервиси.

Post or not работи на едноставен начин. Корисниците ја ставаат сликата за којашто не се сигурни дали е добра на апликацијата, по што останатите корисници ја даваат својата оценка. Оценката може да биде позитивна или негативна, односно насмеано лице или тажно лице, а корисниците не можат да коментираат, да ја зачувуваат сликата и слично.

Зависно од добиените оценки, корисниците потоа може полесно да одлучат дали сликата е добра да ја објават на социјалните мрежи, каде нели е главната поента и важност.

Името на апликацијата, а и начинот на функционирање потсетуваат на апликацијата Hot or Not. Концептот е ист, а би било добро повеќе работи да се до овој степен едноставни.

Post or not е се’ уште во развој, па наскоро ќе биде достапна бета верзија за iOS, а заинтересираните може да се регистрираат на официјалната страна.

Извор: TNW

Претходна статијаSpaceX повторно успешно ја слета Falcon 9 ракетата на платформа во океан
Следна статијаFacebook Pages со нов дизајн достапен за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.