IMG_0175-798x310

На нашиве простори дефиниција за гледање филмови и ТВ серии на интернет е Popcorn Time. Дали тоа е принудно или не, оставаме на Вас да одлучите.

До сега, Popcorn Time постоеше за Android, Windows, OS X, и Linux, каде што со тие платформи (иако тоа го претставува поголемиот дел од пазарот) Popcorn Time е директна конкуренција на Netflix. Од истата таа причина првиот тим што го развивал Popcorn Time морал да престане и да го напушти проектот поради легални притисоци. Нормално, кога станува збор за пиратската индустрија таа функционира како хидра, ако исечеш една глава, ќе пораснат две нови.

Така, тимот што сега го развива Popcorn Time објави верзија што работи на iOS. Тоа што е интересно во оваа итерација е дека работи на уреди кои немаат Jailbreak. Ќе работи и на тие со Jailbreak, но истиот не е потребен.

Тимот што го развива Popcorn Time за iOS е свесен дека Apple ќе направи сè во негова моќ да го спречи употребувањето на Popcorn Time, но изјавуваат дека се спремни на сè што Apple може да направи и дека тоа нема да им успее. Судејќи според тоа колку програмерите позади Popcorn Time се сигурни во себе, добри се шансите дека се во право бидејќи историјата го покажува тоа. Доволни примери се сајтовите за торенти, безброј пати бутнати, но сепак сè уште постојат

IMG_0178-520x293

Popcorn Time како и за другите платформи има поддршка за AirPlay и Chromecast, така што лесно ќе можете да го поврзете со вашиот паметен телевизор. Визуелно, Popcorn Time изгледа просечно и често копчињата се преголеми, и одвреме навреме може да работи малку поспоро од обично. Но, сигурно корисниците нема да се жалат за тие ситници кога имаат пристап до огромна количина на пиратирана содржина што можат да ја гледаат инстантно.

Извор: TheNextWeb, Popcorntime

Претходна статијаFacebook Messenger достапен како посебна веб апликација
Следна статијаYouTube ќе претстави сервис со месечна претплата и без реклами