Фото: Shutterstock.com

Слика-во-слика функцијата на YouTube е достапна за Premium претплатниците на Android, додека на iOS истата беше достапна како експериментална функција која претплатниците можат да ја вклучат за да ја користат.

Во текот на изминатите недела дена, корисниците на iOS почнаа да добиваат известување дека оваа функција веќе нема да биде дел од апликацијата, па излезе објава од YouTube дека таа ќе биде пуштена за сите во деновите што следат.

Сега испадна дека таа објава се однесувала на YouTube TV корисниците, па корисниците на iOS не треба да ја очекуваат слика-во-слика можноста на YouTube во деновите што следат, а според информациите, ќе поминат повеќе месеци додека Google се реши да ја пушти.

Една добра работа е што корисниците кои веќе ја имаат вклучено и ја користеле досега, нема да бидат исклучени, односно функцијата ќе продолжи да им функционира.

Иако вака делува дека се работи за не толку важна функција, сепак не се ретки ситуациите кога се гледа некое подолго видео, да се провери уште нешто друго, задржувајќи го видеото на дел од екранот.

iOS има сопствен систем за слика-во-слика, но Google реши да оваа работа ја направи нешто покомплицирана и користи сопствен систем.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаHonda ќе инвестира 38 милијарди евра за развој на повеќе електрични автомобили до 2030
Следна статијаАгата Кристи: Зошто не го прашаа Еванс? – ексклузивна премиера на Pickbox NOW
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.