OneDrive Personal Vault, нова можност за корисниците на OneDrive која Microsoft ја најави и почна да ја тестира во јуни, сега е достапна за сите корисници. Како што кажува и самото име, „личен трезор“, се работи за посебна и дополнително заштитена папка во просторот достапен на корисникот во OneDrive.

За жал, Personal Vault не овозможува „end-to-end“ шифрирање на податоците, односно тоа го прави локално на дискот и при трансфер, но податоците остануваат видливи за Microsoft, што сепак не ја намалува вредноста и подобрата заштита.

Personal Vault во основа е посебна папка во вашиот OneDrive простор која за да биде отворена бара повторно внесување на лозинката, односно доколку се користи двостепена автентикација, папката може да се отвори со отисок од прстот, со пин број, со известување од Microsoft Authenticator апликацијата и слично.

Од Microsoft истакнуваат дека Personal Vault е погоден за чување на датотеките кои се поважни, односно скенирани пасоши и слични документи кои корисникот би сакал да имаат дополнителна заштита, па доколку нешто се случи со нивната сметка, да знаат дека оваа папка ќе остане заштитена.

Personal Vault е достапен за сите корисници на OneDrive во светот, а корисниците можат да го користат целиот свој достапен простор за оваа папка, со колку сакаат датотеки. Сепак, ограничување од 3 датотеки е поставено за корисниците на бесплатен пакет од OneDrive, како и за корисниците на претплата од 100GB.

За да почнете да го користите Personal Vault се што треба е да ја отворите папката во вашиот OneDrive, која веќе е автоматски поставена, но Microsoft ќе ве потсетат и самите при отворање на OneDrive, како и преку вградената апликација во Windows 10.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаШто се има случено пред 50 години?
Следна статијаДобротворниот хакатон KindHack по втор пат во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.