Фото: Shutterstock.com

Новиот Outlook, како што го нарекуваат од Microsoft, им е достапен на корисниците уште од минатата година, а почна и да доаѓа пред-инсталиран за дел од корисниците на Windows 11.

Апликацијата е направена на основа на Outlook.com, односно се работи за преработена веб верзија од сервисот, која сепак изгледа одлично и модерно. Со тек на време апликацијата ги доби повеќето функции кои им беа достапни на корисниците на веќе старата десктоп апликација, а со тек на време веќе нема да има можност таа да се користи.

Proton, конкурент на Outlook.com сервисот, кои се познати по тоа што нудат од-крај-до-крај шифрирана имејл комуникација, објавија статија со која директно ги обвинуваат Microsoft за максимално следење на корисниците со новиот Outlook. Од компанијата дури тврдат дека Microsoft има пристап до лозинките на било кој имејл сервис кој е поврзан преку Outlook, со што индиректно се добива и пристап до пораките.

Статијата насловена „Outlook е новиот сервис за собирање на податоци на Microsoft“, започнува со информацијата дека апликацијата ги споделува податоците со 772 партнери на Microsoft.

До оваа информација е дојдено поради GDPR законот во Европа, па при инсталацијата и првото вклучување на новиот Outlook се појавува истата.

Како што може да се види, Microsoft овозможува зачувување и пристап до информации на самиот уред, персонализирани реклами и содржина, мерење на рекламите, локација и повеќе.

Кратко кажано, нема дел од апликацијата кој не е отворен за собирање на податоци кои, покрај Microsoft, пристап имаат и нивните 772 партнери, во главно рекламни компании.

Од оваа практика не се поштедени ни корисниците на macOS, односно новиот Outlook и за овој оперативен систем.

Јасно станува дека компаниите гледаат колку голем потенција за заработка има рекламната индустрија, па истите немаат никаков проблем да ја зголемат својата добивка со целосно загрозување на приватноста на своите корисници.

Целата статија, со линковите за некои од тврдењата можете да ја прочитате на овој линк.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаBrave ќе го тргне „строгиот“ режим кај заштитата од „fingerprinting“
Следна статијаSamsung ги претстави придобивките од имплементацијата на вештачката интелигенција во создавањето персонализирано искуство и поинклузивно општество
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.