Некогаш еден од најпознатите интернет прелистувачи, а денес со многу мал процент од пазарот, Opera, во својата најнова верзија воведе функција која треба да ги подобри онлајн видеата кои се постари, односно со полоша резолуција.

Lucid Mode е наречена оваа нова функција и истата ја зголемува острината на видеата, а истото може да се направи и за сликите. Се работи за CSS филтер кој работи со помош на графичката картичка на компјутерот.

Иако во денешно време се поретко има видеа кои не се во најмала рака снимени во HD, сепак има ситуации кога се гледаат постари видеа, па и видеа кои се снимени на VHS касети.

Lucid Mode функционира на повеќето онлајн видео сервис како YouTube, TikTok, Instagram, Facebook, Twitter и други. Корисниците имаат неколку опции за вклучување на режимот, односно преку Settings или лентата за брз пристап до одредени прилагодувања на десната страна, Easy Setup.

Дополнително, посебно копче Lucid Mode се појавува врз видеата, па режимот може да се вклучува или исклучува на секое видео посебно.

Од тоа што може да се види, резултатот од Lucid Mode е различен зависно од видеото. Кај некои видеа видна е разликата, додека кај некои не баш, а има и такви каде сликата станува и полоша.

Дали вреди да се користи Opera само поради оваа новина, сигурно не, но доколку веќе сте корисник на овој прелистувач, може да видите дали ви прави некоја разлика.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаTidal тестира можност корисниците да бидат „диџеи“ преку нивната апликација
Следна статијаНеофицијални макети го прикажуваат изгледот на Galaxy S23 серијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.