opera-powersaver-baner1

Тимот на Opera очигледно не се предава и покрај доминацијата на пазарот на прелистувачи во главно од Google Chrome. Тие веќе одреден период претставуваат нови и не стандардни функции во нивниот познат прелистувач, како вграден VPN, вградено блокирање на реклами и слично.

Преку нивниот блог тие најавија дека во верзијата од Opera за програмерите тие имаат вклучено нова функција наменета за заштеда на енергија, односно батеријата на лаптоп компјутерите. Функцијата едноставно наречена Power Saver се вклучува кога компјутерот работи на батерија, а од компанијата тврдат дека нивните тестови покажале дури 50% подолго траење на батеријата во споредба со Chrome.

opera-powersaver-info1

Начинот на којшто работи режимот вклучува:

  • Намалување на активноста на позадинските табови
  • Поретко вклучување на процесорот преку оптимизација на JavaScript timers
  • Автоматско паузирање на додатоците коишто не се користат
  • Намалување на frame rate на 30 слики во секунда
  • Паузирање на анимациите на темите од прелистувачот
  • Прилагодување на параметрите за видео содржината и слично.

Дали навистина се ова реално придонесува до намалување на потрошувачката на енергија до тој степен, а посебно во споредба со Chrome ќе остане најреално да кажат програмерите и корисниците.

Инаку, од Opera истакнуваат дека нивните тестови ги имаат направено на Lenovo X250 компјутер кој работи на Core i7-5600U, 16GB RAM и Dell XPS 13 со 16GB RAM на Windows 10, 64-bit.

Тие имаат вклучено 10 табови на различни страни, на нив имаат скролано по повеќе пати, па потоа ги имаат исклучувано. Тестот бил повторуван до трошење на батеријата, по што е дојдено до резултатите.

Со оглед на искуството, може да се очекува Opera наскоро да ја вклучи оваа опција во верзијата од прелистувачот наменета за сите корисници.

Извор: Opera

Претходна статијаGoogle со патент за бионичко око
Следна статијаWindows 10 Mobile отсега може да работи само на уреди со 8 GB простор и 1 GB рам
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.