Не требаше многу време по појавувањето на популарните криптовалути да се појават и тие што ќе сакаат да профитираат на разни начини. Попрецизно киднапери на процесирачката моќ на туѓ компјутер во цели на сопствен профит преку „копање“ на криптовалути.

Со помош на код вметнат во наизглед обичен веб-сајт, овие хакери успеваат да „киднапираат“ дел од процесирачката моќ на компјутерот. CPU-то понатаму го користат за „копање“ на крипто валути од кои заработуваат. Корисникот во меѓувреме се соочува со намалени перформанси на неговиот компјутер.

Првиот пример на ваква манипулација е забележен во септември од страна на компнијата Coinhive, која генерира криптовалута наречена Monero. Во меѓувреме ваквиот „бизнис“ е проширен речиси насекаде по интернетот, вклучувајќи го и uTorrent.

Со цел да се справи со оваа појава веб-пребарувачот Opera во својот механизам вгради блокатор. Ваквата заштита е претставена во новата beta верзија од пребарувачот. Тој веројатно функционира по принципот на блокаторите за реклами.  Како што е познато, блокаторите за реклами спречуваат реклами од конкретно наведени извори. Не е познато против кои криптовалути е насочена Opera. Меѓутоа, во секој случај позитивно е што компанија од ваков ранг решава да се бори против оваа нелегална појава.

Блокаторот е опционален што значи дека корисникот може сам да процени дали сака да биде заштитен или не. Користењето на скриптата е добар начин сајтовите да обезбедат дополнителен приход, меѓутоа чесно би било за истото да го информираат корисникот. Токму тоа го направи ThePirateBay, со исклучок на информирањето на корисниците. PirateBay и онака не е сосема легален сајт, па не може да му се замери пропуст од ваков вид. Блокаторот е само една од причините да ѝ дадете шанса на Opera, како солидна алтернатива на Chrome кој е познат по својот голем апетит за RAM меморија.

Извори: Gizmodo, Beebom

Претходна статијаTesla ќе конструира пикап, штом заврши со Model Y
Следна статијаKia и Hyundai автомобилите ќе добијат AI асистент од 2019