По издвојувањето на поранешните програмери на еден од најпознатите интернет прелистувачи, како и купувањето на компанијата од страна на кинески компании, Opera станаа познати по воведувањето на различни функции, како и различни верзии од прелистувачот.
Пуштањето на различни верзии е одличен пристап со цел да не биде преполнет со функции едниот прелистувач, па од Opera имаат посебен прелистувач за гејмерите, Opera GX, а тука е и верзијата за „крипто“.
Од компанијата сега претставија уште еден прелистувач наречен Opera Air. Овој прелистувач е наменет за корисниците кои би сакале да направат комбинација помеѓу „сурфањето“ и медитацијата, односно свесноста за моментот (mindfulness).
Покрај ова, Opera Air има одличен дизајн кој е минималистички и целосно со проѕирни делови, а од компанијата го нарекуваат скандинавски дизајн и стаклен кориснички интерфејс.

Целта на Opera Air е да направи корисникот да се чувствува подобро преку смирување, паузирање на работата и зголемување на свесноста за моментот. Тоа се постигнува со функцијата за пауза која вклучува неколку вежби и сесии за медитација, како и преку специјални звуци и музика и мотивирачки цитати.
Како и другите верзии, Opera Air е достапен за сите платформи и може да се симне од нивната страна.