ChatGPT станува достапен на мобилните преку официјална апликација, за почеток достапна само за корисниците на iPhone и iPad. Апликацијата исто така за почеток е достапна само во САД, но се најавува проширување на достапноста на наскоро, како и пуштање на Android верзија.

Апликацијата е бесплатна и ги нуди функциите кои досега беа достапни на веб, а исто така достапна е синхронизација на разговорите и Whisper функцијата за интеракција со „ботот“ со гласовни команди.

Корисниците на ChatGPT Plus ги добиваат предностите исто како досега, односно ексклузивен пристап до GPT-4 можностите, како и пристап до нови функции пред другите корисници, побрза работа и побрзи одговори и слично.

OpenAI дава и неколку примери за што може да се користи апликацијата, како на пример инстантни одговори, барање совети, креативна инспирација, професионални функции и можности за учење.

Пуштањето на оваа апликација ја трга потребата од користење на досегашните апликации кои овозможуваа пристап до ChatGPT преку API алатката, но голем дел од тие апликации се сметаат за „сомнителни“.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2OpenAI
Претходна статијаTwitter ги обвинува Microsoft за злоупотреба на пристапот до податоците од мрежата
Следна статијаПрва слика од Instagram апликацијата која ќе му конкурира на Twitter
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.